Автор Тема: Лъжите в българската история  (Прочетена 69354 пъти)

0 Потребители и 1 Гост преглежда(т) тази тема.

Светльо

  • Модератор
  • Тукашен
  • *****
  • Публикации: 1430
    • Профил
Re: Лъжите в българската история
« Отговор #180 -: Март 25, 2018, 09:08:57 pm »
Едно много интересно изследване за Русалиите от Македония. Прави впечатление, че самите те признават за това че същите се срещат и в Северна България - на юг до Стара Планина.

Македонски милениумски континуитет (19 дел)

Етнолошки Македонски Континуитет

Васил Чулев

Неисцрпното културно и традиционално богатство на Македонија систематски почнало сериозно да се изучува дури од 1949 г. со формирањето на „Народниот музеј“, кој денес е преименуван и проширен во „Музеј на Македонија“ и „Музеј на град Скопје“. Збирката етнолошки предмети во Музејот на град Скопје содржи над 5000 предмети, кои поради својата разноликост се поделени во неколку збирки, и тоа: Hародна носија, Градска облека, Tекстилна и друга покуќнина од дрво и мебел, Mетални етнолошки предмети, Покуќнина од глина, керамика, порцелан и стакло, и Збирка занаетчиски алатки од која најголем дел се изложени во Музејот на Стара чаршија.

Покрај музејските експонати Етнолошкиот Континуитет на Македонците е најбогато представен и зачуван во Народното Музичко и Играорно творештво, како и богатите многубројни традиции и обичаи.     

Македонските Воени Танци (Тешкото, Јуначко Оро, Русалија, Комитска Игра, Машко Егејско Оро, и т.н.) непогрешливо ни го откриваат културниот континуитет од Древните Македонци до денес. Уште Прибичевиќ во 1982 г. ги идентификува овие танци и музиката како архаични и ги датира во Антички времиња. Сите тие посочуваат на Древно-Македонското наследство, поврзувајќи ги денешните Македонци со античките, кои според историчарите Борѕа (Borza 1990) и Грин (Green 1991) истотака танцуваа Воени Танци. Еден од тие танци, за кој преку сведоштвата од антички автори остана зачувано името – e „Телесиас“, оро за кое има сведоштва дека било играно и кога било спремано убиствo врз еден од предците на Александар III Македонски, инаку честа појава во кралскoтo семејство.[1] Денес овие танци се негуваат и пренесуваат преку играорни друштва.

Една исклучиво Македонска и единствена етнолошка традиција се Русалиите. Во Македонските села околу Солун, помеѓу Ениџе-Вардар и Кукуш и особено во областа Боимија, за време на т.н. „погани денови“ од Коледе до Водици одат дружини од русалии, 20-30 момчиња, сè во двојки, предводени од балтаџија и ќесеџија.[2]

Инаку, главната цел на Русалиите била градителска, безмалку ктиторска. Тие правеле еден вид идолопоклонeние, бидејќи преку играта собирале дарови, а даровите ги положувале во изградба на цркви, манастири, чешми, села, со еден збор: од народот - за народот! На Божиќ (првиот ден на Рождеството Христово) тие се простуваат со најблиските, небаре ќе одат во војна, се собираат пред црквата. Потоа тргнуваат да обиколуваат по селата, за да се вратат одвај по 12 дни. За сето време тие се придржуваат на следните правила:

1. Помеѓу себе не зборуваат, освен навечер, и тоа сосема тивко; 2. Не се крстат кога јадат, не благословуваат кога пијат, не поздравуваат кога ќе сретнат некого;

3. Одејќи во двојки еден до друг, тие не дозволуваат никому да ја пресече веригата помеѓу нив и секој настапнува врз стапките на својот претходник - само болните можат да го прекинат орото кога играат, и да седнат на средина за да оздрават.

4. Никогаш не газат вода - малите води ги прескокнуваат, а реките ги преминуваат со кола;

5. Ако некој од дружината изостане поради некаква причина, другарот не го напушта ами стои покрај него и мавта со мечот над неговата глава да го пази од зли духови;

6. Кога ќе застанат да ноќеваат, тие не се делат, сите остануваат во една куќа, поширока, за да можат да се собираат и други гости;

7. Ако пристигнат во село, од кое е некој од русалиите, тој не смее да се среќава со роднините;

8. Дружината напред ги испраќа „калаузите“, за да ги предупредат селаните за нивното доаѓање - и така бидуваат пречекани со почести - како и да не се сретнат со некоја друга русалиска чета и да се испотепаат;

9. Ако по пат наидат на кладенец, суво дрво, стари гробишта, крстопат, тие ги обиколуваат три пати и си ги вкрстуваат сабјите, небаре ги опираат од врвот на земјата и извикуваат: „Ехее!“

10. Секое утро во текот на 12 дни тапанари ги будат русалиите и секирџијата им прави преглед, поминувајќи брзо со секирата покрај нивните нозе. Потоа двајца свирачи засвируваат, бавно одејќи со тапанарите.

Чаушите ја чуваат четата отстрана. По крстопатите и средсело тие играат оро, потоа ги обиколуваат куќите и го прекрстуваат секого со мечовите по челото, „за здравје“. Така бидуваат прекрстени и дуќаните на три места на вратата, на огништето, и на трето место кое е во прав агол со нив. Тие ги поддаваат отворените шаки за собирање помош, велејќи: „Напомош да ви е светиот едикојси“! (името на светецот, за чијшто храм се собира помошта). Домаќините подаруваат пари, брашно, жито, крпи, платно и др., што ги донесуваат слугите.

Во куќа кадешто има леунка, русалиите не влегуваат; таквата жена се смета за нечиста. Кадешто има тешко болен, русалиите одат и го прекрстуваат со сабјите за здравје. Калаузите внимаваат дружината да не се сретне со други русалии, бидејќи тогаш двете дружини се бијат и никоја не отстапува додека не падне крв. Мртвите во такви случаи се погребуваат на лице место, без опело; и сега се среќаваат овде-онде „русалиски гробишта“. Ако дружината е многу послаба, таа се предава без борба на противникот и минува во знак на покорност под две соединети на врвовите сабји од посилната дружина. Пред зајдисонце дружината се прибира секогаш в куќи, за да не ја затекне ноќта под отворено небо.

Штом ќе зaвршат игрите, дружината се враќа спроти Водици во селото и оди право во црквата за да "ги пее свештеникот"; кој не ќе оди да го отпеат, тој ќе полуди. Најпрвин тој им пее (чати) молитва и ги оросува, а тие се без капи на главите и без да се крстат пред архиерејскиот стол во средишното одделение на црквата. Потоа одат на десно, излегуваат од десната врата, но гологлави. Тогаш тие се крстат, палат свеќа, се простуваат меѓусебно и целиваат рака секому кого ќе го сретнат, како новокрстени рисјани. Облеката им ја перат на кладенецот или на реката, надвор од куќата. Рано изутрина, на Водици, колат курбан еден овен и прават општа веселба.

Русалиите се облекуваат во сосема нова облека и нови опинци, вооружени се со сабји, или јатаган. Според верувањата, нив ги следат самовили, затоа секогаш треба да одат по двајца, та едниот да бдее над другиот со гола сабја (затоа и не одат ноќе и ги избегнуваат кладенците, гробиштата и сл. таинствени места кадешто се појавуваат самовилите!)

Горе: Етнолошки приказ на Македонците во часописот 'Life' од Јануари 1937 г.

На други местa во Македонија или во Тракија такви русалии не се среќаваат; ги има само во Северна Бугарија под истото име, но во поинаква форма и со друга календарска локализација. Од устието на Тимок и од Силистра, меѓу Дунав и Стара планина, во Видинско, Ломско, Плевенско и Свиштовско, за време на „Pусалиската Hедела“ одат дружини русалии и калушари, секогаш во непарен број 3, 5 ,7 итн., најчесто 7 души. На чело стои ватаф, итн. Калушарите, всушност, се мошне слични на русалиите, со извесни мали разлики во носијата, ората, обичаите и др. пришто посебно интересен е обичајот на лекување болен со оро, кого го „излекуваат“ со ора и танци, или го умираат доколку не се совземе (кутриот). Калушарите се од подунавските краишта, тоа се Латиниэирани Македонци (Власи) од Молдавија и Трансилванија.
[1] „Македонците“ од Ернест Н. Дамјанопулос (Ernest N. Damianopoulos), стр. 117, 118.

[2] балтаџија - човек со секира; ќесеџија - човек со торба.

 
Васил Чулев
Aha